Интеррег ИПА ЦБЦ Програма „Грција – Република Северна Македонија 2014 -2020″
Интеррег ИПА ЦБЦ Програмата „Грција – Република Северна Македонија 2014 -2020″ е погранична програма за соработка ко-финансирана од Европската Унија во рамките на инструментот за Пред-Пристапна Помош (ИПА II). Стратешката изјава на Програмата е „да се зајакне територијалната кохезија со подобрување на животниот стандард и можностите за вработување респектирајќи ја животната средина со употреба на природни ресурси за надградување на туристичкиот производ“. Вкупниот буџет на Програмата за периодот 2014 -2020 изнесува 45.470.066,00 евра.
Оваа област каде што се лоцирани Солун, Серес, Килкис, Воден, Лерин и Пела, како и Вардарскиот, Пелагонискиот, Југоисточниот и Југозападниот регион е сцената за заедничко делување на двете држави. Програмата ги охрабрува јавните власти, приватните не-профитабилни организации и други институции како и граѓани да работат заедно на заедничките предизвици и проблеми, барајќи паметни решенија кои би можеле да бидат подобро остварени кога на нив ќе се работи здружено.
Овие проблеми можеби изгледаат различни или одделни едни од други, но акциите се заеднички. Самата соработка ги учи сите партнери да соработуваат меѓусебе, да ги здружат силите и да ги споделуваат активностите во сите сектори на заедничкиот интерес како конкурентност, животна средина, туризам, транспорт, вработување, здравство и социјални теми. Европската Унија, Грција и Република Северна Македонија нудат повеќе од 45.000.000 евра од 2014 до 2020 за поддршка на работата на партнерите. Од креирање на нови работни места до почитување на животната средина во оваа област, партнерите меѓусебно се разбираат и си помагаат. Заедничката цел на партнерите е подобрување на секојдневниот живот.
Програмата е изградена врз следниве две приоритетни оски кои ги отсликуваат идентификуваните потреби и предизвици; Приоритетна оска 1: Развој и поддршка на локалната економија, Приоритетна оска 2: Заштита на животната средина – транспорт.
Веб страница на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu – веб страница посветена на регионалната политика на ЕУ: http://ec.europa.eu/regional_policy/index_en.htm
Find out more about… Interreg
