Опсегот на проектов има за цел да воспостави синџир за зелен отпад комбиниран со релевантен бизнис модел кој ќе ја обезбеди одржливоста. Синџирот на снабдување ќе биде прилагоден според отпадот достапен од двете страни на границата како и бизнис моделот кој ќе се прилагоди на специфичните локални услови. Синџирот на снабдување ќе служи на одбрани крајни корисници на двете држави, па затоа ќе мора да се тестира оперативноста и сите можни проблеми и препреки ќе бидат отстранети.
Заради знаењата и вештините, Clube ќе биде водич на овој проект со цел да создаде одржлива интерактивна платформа и мега кластер на снабдувачи и купувачи на агро-отпад.
Упатствата на Clube ќе бидат многу важни, со цел да се создаде мега кластер со креирање на нов кластер во секоја држава или нови партнери во веќе постоечкиот кластер на синџирот на снабдување со агро-отпад.
Поконкретно, Clube ќе се заснова на Triple Helix Theory за да создаде нов кластер или ќе прави лични интервјуа и ќе организира настани (тркалезни маси, работилници и сл.) со цел зголемување на бројот на партнери во постоечкиот кластер.
На овој начин мега кластерот ќе биде имплементиран во иднина и ќе функционира ефективно, излегувајќи им во пресрет на потребите на учесниците.