Обемот на овој проект има за цел да воспостави синџир за зелен отпад комбиниран со релевантен бизнис модел кој ќе ја обезбеди одржливоста. Синџирот на снабдување ќе биде прилагоден според отпадот достапен од двете страни на границата како и бизнис моделот кој ќе се прилагоди на специфичните локални услови. Синџирот на снабдување ќе служи на одбрани крајни корисници на двете држави, па затоа ќе мора да се тестира оперативноста со што сите можни проблеми и препреки ќе бидат отстранети.
По завршувањето на проектот, се очекува да бидат испорачани следниве главни резултати:
1 снабдувачки синџир за секоја општина
1 GIS алатка за мапирање и логистика за вреднување на агро-отпад
2 семинари со обука за таргетирање на локалните власти
1 оперативна интерактивна платформа за снабдувачите со биомаса во пограничниот регион
Развој на 1 биоенергетски кластер во РСМ и 1 виртуелен мега-кластер преку граница