Снабдувачите со рурален отпад се најважниот дел од синџирот на снабдување. За да се создаде ефикасен синџир на снабдување, избравме категории на земјоделци кои произведуваат значителен агро-отпад за нивна употреба во проектот.

  1. индивидуални земјоделци
  2. земјоделски задруги
  3. рурални организации
  4. групи на земјоделци

Особено потребни ни се производители кои се занимаваат со лозарство и овоштарство.

Поконкретно потребен е агро-отпад од поледелски култури како жито – пченица, јачмен, пченка, шеќерна репка и луцерка. Истовремено и агро-отпадот произведен од овошни култури како цреша, костен, орев, бреза, круша е многу ефикасен.

Повеќе детали за употребата на платформата ќе бидат прикажани наскоро.

Во оваа интерактивна платформа снабдувачите на агро-отпад ќе ги внесат своите контакт информации во одреден оддел и ќе ја вметне очекуваната количина на агро-отпад. Поточно кога ќе се вметне количината на агро-отпад, платформата автоматски ќе ја пресмета произведената топлинска енергија.

Од друга страна пак, купувачите на агро-отпадот ќе ги внесат своите контакт информации и количината на потребниот агро-отпад. Што значи преку оваа платформа тие ќе знаат за произведената топлинска енергија како и местата од каде ќе можат да го купат отпадот.