Веродостојната логистика е клучното прашање за успешно функционирање на инсталацијата за производство на топлина што користи биомаса како гориво. Со цел да се даде цврсто решение за овој проблем ќе се развие GIS систем каде ќе бидат визуелизирани сите расположливи извори на агро-отпад. Информациите од GIS системот ќе ги користи специјален софтвер кој ќе укаже на оптимални патишта за транспорт на агро-отпадот од точката на собирање до инсталацијата на крајната употреба, со предложени локации за складирање итн. Сите овие информации ќе му помогнат на крајниот корисник да работи со инсталацијата по најниска можна цена и ќе гарантира максимално искористување на расположливиот агро-отпад. Гореспоменатите апликации во моментот се во фаза на развој од страна на CRES.
