Времетраење
29/05/2018-28/05/2020
Буџет
669.084,90€
Земјоделските остатоци како слама, шамак и изрежените гранки сочинуваат значителен товар на зелен отпад во руралните области на двете страни на границата. Со овие видови на отпад слабо се управува па затоа се предизвикуваат сериозни влијанија врз животната средина. Истовремено локалните власти употребуваат скапи фосилни горива за затоплување на просторот на зградите од јавен карактер и заради тековната економска рецесија, многу често количеството на произведената топлина не ги задоволува вистинските потреби на корисниците на зградите. Одржливото управување со зелениот отпад може да понуди вистинско решение на двата гореспоменати проблеми. Постои достапна технологија која може да ги користи земјоделскот отпад како гориво за загревање на простории под само еден услов, воспоставување на сигурен синџир на снабдување.
Опсегот на проектов има за цел да воспостави синџир за зелени отпадоци комбинирани со релевантен бизнис модел кој ќе ја обезбеди одржливоста. Синџирот на снабдување ќе биде прилагоден според отпадоците достапни од двете страни на границата како и бизнис моделот кој ќе се прилагоди на специфичните локални услови. Синџирот на снабдување ќе служи на одбрани крајни корисници на двете држави, па затоа ќе мора да се тестира оперативноста и сите можни проблеми и препреки ќе бидат отстранети.
По завршувањето на проектот, се очекува да бидат испорачани следниве главни аутпути:
- 1 снабдувачки синџир за секоја општина
- 1 GIS алатка за мапирање и логистика за вреднување на агро-отпад
- 2 тренинг семинари со обука за таргетирање на локалните власти
- 1 оперативна интерактивна платформа за снабдувачите со биомаса во пограничниот регион
- Развој на 1 биоенергетски кластер во Р. Северна Македонија и 1 виртуелен мега кластер преку граница
Локалните власти ќе имаат корист од употребата на евтино гориво а и факт е дека самата средина како и пејзажот ќе бидат чисти од отпадот кој може да предизвика загадување на локално ниво или да се потенцијална опасност за пожар.
Локалните земјоделци ќе имаат корист затоа што ќе се ослободуваат од остатоците безбедно но истовремено ќе заработат додатен приход.
Локалното население ќе има корист од намалувањето на јавните расходи и подобрување на условите и комфорот во јавните згради.
Синџирот на снабдување ќе биде прилагоден според отпадот кој е достапен во секоја територија опфатена со проектот и бизнис моделот ќе биде адаптиран на специфичните локални услови. Преку пилот територии различни услови ќе резултираат со различни решенија. Исходите ќе бидат комплементарни и ќе бидат корисни за двете држави.
Голем предизвик е да се осигура одржлив синџир на снабдување како и поставување на бизнис модел чија оперативност ќе биде трајна. Траен и безбеден синџир на снабдување на агро-отпад ќе ја пренамени употребата на истиот во гориво за домашно затоплување до степен на сигурна опција и ќе дозволи да се вметне на пазарот резултирајќи со значајни придобивки.
Одржливото управување со агро-отпад може да понуди вистинско решение во двата региони. Постои достапна технологија што може да ги користи земјоделските оптпадоци како гориво за затоплување на простор под само еден услов, а тоа е да се обезбеди одржлив синџир на снабдување. Ако овој услов е исполнет тогаш евтиното и обновливо гориво ќе го замени веќе постоечкото, резултирајќи со намалување на емисии на гасови (ефект на стаклена градина), ублажување на загадувањето на воздухот, прочистување на руралната средина од опасни отпадоци, подобрување на затоплувањето во јавните простории како и исполнување на директивите за повторна употреба на отпадот.
Целна група за дисеминација на резултатите од овој проект може да се земјоделските здруженија, производителите на бојлери, локалните власти од различни региони и други засегнати страни кои би биле потенцијални корисници на агро-отпад за гориво (стакленици/пластеници, земјоделски индустрии итн.
