Тематска работилница во Битола

 Во Настани на проектот

Тематската тркалезна маса беше организирана од АПРЗ и Општина Новаци, со поддршка на Општина Битола, која помогна во мобилизацијата на локалните засегнати страни и медиумите. Првата тематска тркалезна маса на aGROWchain што се однесува на управување со земјоделски отпад за греење на руралните области, даде можност за ефективна и директна комуникација помеѓу партнерите вклучени во проектот, директните заинтересирани страни и производителите на земјоделски отпад. Беа одржани голем број презентации од говорниците, опфаќајќи ја презентацијата на самиот проект aGROWchain, до повеќе технички и локално специфични информации. Проф. Д-р Миле Спировски од ТФБ презентираше употреба на биомаса и нејзините предности во споредба со другите извори на енергија. Проф. Д-р Владимир Мијаковски даде преглед за моменталната состојба во хидрографската мрежа (реки и канали) во областа на Општина Новаци, како потенцијал за собирање на биомаса како ресурс за зелената енергија. Покрај тоа, д-р Фалас, директор на Кластерот за биоенергија и животна средина на Западна Македониа (CluBE) презентираше примери на добри практики на други земји и ја истакна неопходноста и придобивките од проектот и истакна дека таквиот потфат бара координирана акција и евентуално заеднички алатки како што се Кластерите и следствено на тоа, прекуграничната соработка на кластери. На состанокот, учесниците разговараа за потенцијалот на регионот за повеќенаменска поддршка за биомаса и особено за прашањето на трската и нејзината берба за употреба како гориво за биомаса. Тематската тркалезна маса им го отвори подот на учесниците за комуникација и размена помеѓу засегнатите страни и производителите. За време на состанокот, партнерите во проектот, како и другите засегнати страни ги анализираа своите ставови за трошоците за производство на електрични централи, трошоците за производство и набавка на земјоделски отпад и трошоците за продажба по единица.